Aktivnosti 2017/2018 god.

view:  full / summary

Oglas za zapisuvanje na prvacinja

Posted by violeta on May 7, 2017 at 12:40 AM Comments comments (49)

Врз основа на член 45,46, 47 и 48 од Законот за основно образование

(Службен весник на Р. Македонија бр. 103 / 08 од 19.08.2008

Општинското основно училиште

“Димитар Поп Георгиев Беровски“” – Ѓорче Петров,Скопје,

ул. Ѓуро Салај бр 31, тел.2032-524, фах.2035-645, [email protected]

објавува

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

ВО УЧЕБНАТА 2018 / 2019 ГОДИНА

Во прво одделение родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години и по ислучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари 2019 година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагошкo-психолошка служба во училиштето.

Запишувањето трае од 02.05.2018 до 31.05.2018 година, секој работен ден од 8:30 до 12:00 часот.

При запишувањето родителот доаѓа задолжително со своето дете.

Потребни документи при упис:

• Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија ) на увид;

• Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини на детето;

• Потврда за систематски преглед на оралната празнина издадена од стоматолог на Јавно здравство во Поликлиника Ѓорче Петров

• Лична карта на двајцата родители / старатели- на увид

• Досие на детето издадено при испис од градинката најдоцна до 31.08.2018 (доколку детето посетувало градинка )

Наставата за учениците се организира како:

• Во централното училиште : Класична настава (во 1 паралелка ) и настава со продолжен престој (во 1 паралелка );

• Во подрачното училиште: Класична настава ( во 1 паралелка ) и настава со продолжен престој ( во 1 паралелка )

Училиштето располага со кујна во која ученикот може да добие:

• ужина;

• појадок

• топол оброк/ручек.

Вашето дете во училиштето може да посетува:

• курс по англиски јазик;

• спортски активности;

• секции и клубови

Согласно утврдената РЕОНИЗАЦИЈА на основните училишта во Општина Ѓорче Петров во ООУ,,Димитар Поп Георгиев Беровски,, може да се запишуваат дечињата кои живеат во реонот кои припаѓа на нашето училиште,односно на улиците:

- Алексо Демниевски

- Адолф Циборовски

- Александар Мартулков

- Браќа Галеви

-Браќа Чакреви

-Веле Марков

-Виа Егнатија

-Воин Драшковиќ

-Даутица

-Депа Каева

-Ѓорче Петров (јужна страна од бр19-107 непарни броеви )

-Ѓуро Салај

-Зејнел Ајдини

-Злате Михајловски

-Ибе Паликуќа

-Исаија Мажовски

-Јосиф Ковачев

-Крсте Гермов Шакир

-Кичевска

-Лихнида

-Мавровска

-Мајски Манифест

-Манчу Матак

-Мис Стон

-Мице Козар

-Никола Пушкаров

-Панко Брашнаров

-Пробиштипска

-Рамиз Садику

-Рафајло Батино

-Сагудати

-Смољани

-Социјалистичка зора

-Сремски фронт (јужно од ул: Ѓорче Петров )

-Стево Филиповиќ

-Стоби

-Струмјани

-Тодор Ц. Мерџан

-Хераклеја

-Шидска- јужно од ул: Ѓорче Петров

-Штросмаерова


Скопје, 21.04.2018


Rss_feed