Посета на претставници од Отворете ги прозорците

На 09.10.2015 петок нашето училиште беше домаќин на претставниците од НВО Отворете ги прозорците, г-дин Владимир Лазовски, извршен директор во отворете ги прозорците, Радмила Стојковска Алексова дефектолог соработник, како и Џоана Кинбергер одговорна за проектот Инклузија од Brot fur die Welt со седиште во Виена, РАвстрија.
Целт5а на посетата беше гостите да видат практично како и колку се користат асистивните уредиво наставата, кои се ефектите од нивната употреба, простор каде се чуваат асистивните уреди, нивната достапност до наставниците и учениците.
На гостите им беше претставена ресурсната просторија за асистивни уреди, асистивните уреди со кои располага училиштето како и начинот на кој се работи со ученик кој користи асистивен уред во училница.
Гостите беа пречекани и ги водеа низ училиштето психологот и дефектологот од нашето училиште.

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ