Акција - Македонија без отпад

На ден 18.10.2014 (сабота) нашето училиште зема учество во акцијата - македонија без отпад. Предвидените активности за наставниците и учениците беа реализирани во целост. Кон акцијата на наставниците и учениците се приклучија општинската администрација и одредена група на работници.

Акцијата се одвиваше по овој редослед:

1.    Во 9:00 часот се одржа одделенски час – едукација на тема „Македонија без отпад“. Учениците научија како се селектира отпад.
           *Изведена е работилница со одредена група на ученици (екологистите), рециклирање на хартија.

           *Управување со отпад.
2.    Изведено е селектирањето на отпадот во училишниот двор во одбележани контенери за пластика, хартија, батерии и електронски отпад.
3.    Учениците, наставниците, техничкиот персонал од училиштето, општинската администрација и екипата од работници испратена од општината, го исчистивме училишниот двор. Најмногу се задржавме на расчистување околу клонот на градинката „Росица“ во склоп на нашето училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“.

Во прилог фотографии од акцијата.

Активности по повод денот на здрава храна

Чук,чук зеленчук и и овошје по некое ние одбравме од секое, направивме ремек дело, кафез со птица прекрасна композиција со природни бои СОЧНОТО ОВОШЈЕ во Училиштето Наум Охридски со други училишта не спои. По повод Денот на здрава храна за детсво без мана одговорните наставницки Сашка Новковска и Марија Тодороска со ученици од 9а и 9б одд. учествуваа на натпревар за обликување на СОЧНО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК каде добија пофалници и сертификати за успешна работа и дизајн.

Одбележување на „Детска недела“

Активности по повод „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

 На 03. 12 2014 год. (среда) по повод Ден на дрвото во училиштето ОУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, како и во ПУ од Хром според планот и програмата реализирани се повеќе активности во период  од еден школски час, час на кој се потенцира значењето на Денот на дрво.
1.    Ликовна работилница на тема „Дрво“.
2.    Изработка на дрво, рециклиран материјал и колаж техника.
3.    Изработка на паноа со еколошка содржина (цртежи, литературни творби).
4.    Пребарување на интернет,  информации за зачувување на околината од штетни гасови.
5.    Собирање на секундарни суровини (пластични шишиња и батерии).
По завршувањето на горенаведените активности, дел од наставниците заминаа на пошумување во околината на населбата Илинден, Скопско, а дел останаа за реализација на проектот „Ботаничка градина“.
За изведување на акцијата засади дрво директорот на училиштето , Ѓурчин Ѓурчиноски во координација со општинската администрација, одреди една група наставници кои требаше да ја помогнат акцијата. Марија Тодороска како биолог беше одредена да биде координатор на акцијата, а останатите вработени: Благица Василевска, Иван Дејановски, Апостол Станоевски, Мирче Петровски, Сашка Новковска и други со група од 10-тина ученици имаа задача да ги координираат и им помагаат на истите ученици на просторот наменет за Ботаничка градина.
    На просторот наменет за ботаничка градина на точно определени места за наредно дополнување со садници и други планирани содржини посадени се 214 дрвја , листопадни и зимзелени:
                 - Туја, 24
                 - Аризонски чемпрес, 100
                 - Брези, 50
                 -Каталпи, 20
                 -Калиуретерија, 20

            Општината Ѓорче Петров целосно ја покри акцијата  – Засади ја својата иднина: набавката со  садници, транспорт до училиштето на садниците, припрема на земјиштето ден пред акцијата, обележување на просторот,  копање дупки за садниците,  садење заедно со гореспоменатите наставници, ученици , општинска администрација . Градоначалникот Сокол Митровски на 02 и 03.12.2014 год.  ја следеше нашата работа  и учествуваше во процесот садење на садниците. Оваа акција исто така се спроведуваше и во ПОУ Хром.

Работилници на наставниците за подобрување на наставата

Вработените во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ второто полугодие го започнаа со размена на искуства во делот на подобрување на наставата, начинот на водење на ученичко досие, начинот на формативно и сумативно оценување на учениците по предметите по кои треба да имаат збирка докази за постигнувањето на учениците, како и за меѓусебната соработка и почитувањето меѓу вработените.

Наставникот Виолета Ристеска - одделенски наставник, презентираше наставни техники кои најчесто ги користи и ги сподели со сите колеги.

Наставникот Зоран Наков - наставник по физичко образование, со колегите од одделенска наства го сподели неговиот начин на водење на ученичко досие, односно збирката докази за постигнувањето на учениците како и начините на кои ги следи и оценува нивните постигнувања.

Психологот на училиштето Борка Бошковска Јурукова имаше работилница на тема „Меѓусебна соработка и почитување“ на  која учествуваа сите наставници и директорот на училиштето.

Квиз натпревар КРСТОЗБОР по предметот Физика

По утврдување на темата Електричество и магнетизам по предметот физика, наставничката Билјана Ѓорѓиевска реализираше квиз натпревар КРСТОЗБОР помеѓу учениците 9а одд. и 9б одд. со цел да се воочат и продлебочат стекнатите знаења на учениците од горе наведената тема, а воедно да се потикне натпреварувачкиот и меѓусебното дружење и соработка на учениците.

Професионална ориентација на учениците од завршните одделенија

Психологот на училиштето на 02.02.2015 год. одржа работилница со учениците од деветто одделение на тема: Професии.

Спортски активности „Во здрав дух здраво тело“

   Спортот и физичкото образование се исклучително значајни во животот на младите. Со современиот начин на живеење, немаме голема можност за движење, затоа со физичката активност се надоместува потребата за движење. Кога сме здрави и физички активни може полесно да ги исполниме секојдневните обврски. Физичката активност допринесува за формирање на здрава и сестрана личност.

   Токму поради сите овие и уште многу други благодети од спортот и физичката активност, во нашето училиште се посветува особено внимание на часовите по физичко и здравствено образование и спортските клубови. Овие спортски активности се предводени од наставникот по физичко и здравствено образование проф. Зоран Наков.


 Учениците од основното училиште „Димитар П.Г.Беровски“, учествуваат во меѓуодделенски натпревари, општински, градски и државни првенства. Се натпреваруваат во повеќе спортски дициплини, индивидуални и колективни спортови. Во првото полугодие од оваа учебна година нашите ученици земаа учество во следните натпреварувања:

  1. Меѓуодделенски натпревари во футсал;
  1. Крос натпревар по повод Празникот на општината Ѓорче Петров;
  2. Есенски крос натпревар на општинско ниво (освоени две втори места во различни категории Ева Андреевска 8а и Маја Јовановска 9б одд.).

 

Во тек се системските натпревари во одредени спортови, организирани од Сојузот на училишен спорт Ѓорче Петров:

  1. Првенство во одбојка – 2 лиги;
  2. Првенство во кошарка – 2 лиги;
  3. Првенство во фудбал;
  4. Првенство во футсал.

 

  Според календарот на натпревари за оваа учебна година следат натпревари во индивидуалните спортови тенис, пинг-понг и шах на општинско ниво, а на градско и државно ќе земеме учество во ракомет женски и спортска гимнастика со ученикот Стефан Петковски од 9б одделение.        

     На ден 30.01.2015 год. (петок) во 13.30 час се одигра меѓуучилиштен општински натпревар од 3-то коло во одбојка, противник ни беше ООУ„Ѓорче Петров“. Во фер и корекетен натпревар успеавме да извојуваме победа од 2:1 во сетови. Нашите ученички беа на висина на својата задача во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Селекција одбојка 1 група

Моменти од натпреварот во одбојка помеѓу екипите на ООУ„Димитар беровски“ и ООУ„Ѓорче Петров“

Хуманитарна акција „Да бидеме хумани“

Англиски јазик-еко стандард

На часот по Англиски јазик учениците од седмо одделение со помош на наставничката Александра Климоска-Цветановска  изработуваа мултимедијални презентации со еко содржини како дел од проектот за интеграција на еколошки содржини во наставата.