СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

„ВО ЗДРАВ ДУХ ЗДРАВО ТЕЛО“

     Спортот и физичкото образование се исклучително значајни во животот на младите. Со современиот начин на живеење, немаме голема можност за движење, затоа со физичката активност се надоместува потребата за движење. Кога сме здрави и физички активни може полесно да ги исполниме секојдневните обврски. Физичката активност допринесува за формирање на здрава и сестрана личност. Токму поради сите овие и уште многу други благодети од спортот и физичката активност, во нашето училиште се посветува особено внимание на часовите по физичко и здравствено образование и спортските клубови. Овие спортски активности се предводени од наставникот по физичко и здравствено образование проф. Зоран Наков.

     Учениците од основното училиште „Димитар П.Г.Беровски“, учествуваат во меѓуодделенски натпревари, општински, градски и државни првенства. Се натпреваруваат во повеќе спортски дициплини, индивидуални и колективни спортови. Во првото тромесечиеод учебната 2013/14 год. нашите ученици земаа учество во следните натпревари:

  1. Крос натпревар по повод Празникот на општината Ѓорче Петров;
  2. Учество на градски натпревари во футсал (освоено III место во регион);
  3. Учество на крос натпревар по повод Денот на пожарникарите на град Скопје;
  4. Меѓуучилишен турнир во тенис (освоено I место ученичката Теона Костова 8б одд. и II место ученикот Борис Стојановски 8а/9 одд.);
  5. Меѓуучилишен турнир во пинг-понг (освоено I место ученичката Теона Костова 8б одд.)
  6. Во тек се натпреварите во колективните спортови (фудбал, футсал, одбојка и кошарка).

     Посебно сакам да ја истакнам, а воедно и да ја пофалам ученичката Теона Костова од 8б одд. која дава посебен придонес во спортот и афирмација на нашето училиште и општината. Ученичката три години по ред е I место во тенис и пинг-понг, две години наназад I место во одбојка.   

Професор по физичко образование: Зоран Наков

Борис С. II место ,Теона К. I местово тенис

Прогласување на победници во пинг-понг
Крос натпревар по повод Празникот на општината
Теона Костова освоено I место во пинг-понг

Наградени ученици во тенис

Свечено отварање на општинската лига 2013/14 год.

И оваа година ја славевме љубовта...

Во организација на клубот Млади англичани, а по повод празникот на вљубените St. Valentine, учениците од нашето училиште испраќаа писма и љубовни пораки до саканите. Воедно беше организиран и натпревар за најдобра песна на тема љубов. Од пристигнатите песни, прво место освои Мартина Трајческа од Va одделение, второнаградена е Марија Коштревска од Via одделение и на трето место е песната на Сања Цветковска од Va одделение.  Наградените песни беа прочитани на разглас, а Мартина си доби награда. Им посакуваме успех во иднина и да освојат уште повеќе награди.
            
                ЉУБОВ




Љубовта е сонце што грее,

љубовта е славеј што пее,

љубовта е дете што се смее.


Љубовта е нежен цвет

кој треба да се дарува

на целиот свет.

 

На љубовта и нема крај

и ти знај!

 

Љубовта е нешто вредно,

но, не е колаче медно.

 

Љубовта е толку силна,

и за добри луѓе милна.

 

Љубовта е најголема желба,

а за некои луѓе делба.

 

Љубовта значи дека треба да се сака

и на секого да се подаде рака.

 

 Мартина Трајческа

          Va одд

Изложба на миленици



По повод одбележувањето на патрониот празник во нашето училиште се одржа изложба на миленици. Изложбата имаше и едукативен карактер така што учениците ја осознаа потребата од грижа за животните и научија нешто повеќе за живиот свет. Влезот за изложбата беше само една истрошена батерија со што учениците покажаа дека се грижат за животната средина.

ТОРТИЈАДА

Во организација на општината „Ѓорче Петров“ беше организирана тортијада на кој учество земаа и учениците од нашето училиште така што изработија прекрасна и вкусна торта.

Посети на етно село, противпожарната станица и хидроцентралата „Матка“

Учениците под раководство на наставничката Весна Малинова го посетија етно селото и противпожарната станица, а со наставниците Сузана Ристеска, Виолета Дурланова и Марија Ставреска ја посетија хидроцентралата „Матка“.